ВИДЕО: „Пингвините“ по продолжение ги совладаа „ајкулите“ за 2-0 во финалната серија на „Стенли Купот“

Хокеарите на Питсбург Пингвинс и во вториот натпревар во финалето на НХЛ плеј-офот славеа победа против Сан Хозе Шаркс, но овој пат дури по продолжение со 2-1 (0-0, 1-0, 0-1, 1-0). 

Во првата третина ни една од екипите не успеа да го смести пакот во мрежата, па на одмор се замина со 0-0. Во вториот период „пингвините“ поведоа со 1-0, по грешка на „ајкулите“, а голот го постигна Кесел во 8. минута.

Во третиот период хокеарите на Сан Хозе успеаа да го израмнат резултатот на 1-1, по голот на Браун на четири минути до крајот на регуларниот дел и да го внесат натпреварот во продолжение.

Во него домаќините повторно беа посреќни и по акцијата на тандемот Летанг и Кросби, голот за победа го постигна Шеари во третата минута.

Третиот натпревар се игра во Сан Хозе на 5 јуни.