ВИДЕО: Палат јунак, Тампа Беј остана во живот во НХЛ-финалето

Драмата во финалната серија на американско-канадската НХЛ лига ќе потрае. Актуелниот шампион Тампа Беј остана да сонува за одбрана на титулата и со триумф од 2-3 во Колорадо против Аваланш остана во игра за Стенли Купот.

Ондреј Палат беше јунакот во петтиот натпревар, откако на шест минути до крајот погоди за победа на Тампа Беј од 2-3.

Тампа Беј намали на 2-3 и не смее да загуби на следниот шести натпревар на домашен мраз, ако сака да остане да сонува трета титула по ред. Следниот дуел, кој може да биде и последен, се игра за два дена.