• Зоран Мишевски
Александар Овечкин од утровото хокеар кој постигнал најмногу голови во историјата на НХЛ лигата со играч повеќе. Русинот сега има 275 гола на своето конто со играч повеќе, со што го надмина Дејв Андрејчук, со кого ја подели првата позиција.
„Ова е одличен момент за мене, за тимот, за навивачите и за хокејот. Пред нас се нови предизвици“, скромно изјави Овечкин.
36-годишникот од Москва настапува за Вашингтон Капиталс, покрај Динамо Москва единствениот негов клуб во кариерата.