• Мартин Танасковски
Рускиот напаѓач на Вашингтон, Александар Овечкин со многу емоции изјави дека сè уште не може да поверува дека го соборил рекордот на Вејн Грецки по бројот на постигнати голови во регуларниот дел од сезоната во НХЛ.
„Тоа беше неверојатен момент за хокејот, за мене, за Вашингтон, за сите фанови, очигледно за моето семејство. И, да, никој не мислеше дека тој рекорд ќе биде соборен. Знаете, Грецки е неверојатен. Тој е легенда. Тој беше најдобриот играч во историјата на хокејот. И да се има неговата поддршка е неверојатно. Чест ми е што го познавам. Ова се најважните моменти во мојот живот, очигледно. Знаете, сè уште не можам да верувам дека ова се случува.“, рече Овечкин.
Овечкин дојде до бројката од 895 гола во кариерата и така Русинот го надмина легендарниот Вејн Грецки (894) и сега е стрелец број 1 во лигата.