• Саше Љолес
Еден од најдобрите хокеари во историјата, Алекс Овечкин, најави дека конечната одлука за својата иднина ќе ја донесе по завршувањето на сезоната.
Ѕвездата на Вашингтон Кепиталс истакна дека во текот на летото ќе разговара со семејството и раководството на клубот, по што ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата или ќе стави крај на настапите.
Овечкин, кој во септември ќе наполни 41 година, нагласи дека здравствената состојба ќе биде клучен фактор при носењето на одлуката. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу неговата иднина. Според првичните најави, Овечкин сака да одигра барем уште една сезона, со што уште повеќе ќе ги зголеми веќе поставените рекорди и неговите неверојатни бројки. Русинот го мина на вечната листа и легендарниот Вејн Грецки, стигнувајќи до 928 постигнати погодоци.
Во изминатиот период се засилија шпекулациите за можен крај на кариерата на легендарниот хокеар, кој веќе постави бројни рекорди и се смета за еден од најдобрите во историјата на овој спорт.