Овечкин ја засили хокеј репрезентацијата на Русија за Мундијалот

Напаѓачот на НХЛ-тимот Вашингтон, Александар Овечкин, ќе игра за репрезентацијата на Русија на претстојното Светско првенство (СП) во хокеј.

Еден од најдобрите руски хокеари се стави на располагање на „зборнаја“ на турнир во Стокхолм, каде ќе се одвиваат подготовките за Мундијалот.

Заедно со него во тимот доаѓаат и Евгениј Кузнецов и Дмитри Орлов, исто така од Вашингтон, како и Никита Зајцев од Торонто.

Светското првенство во хокеј на мраз ќе се игра од 10 до 26 мај во Словачка, а репрезентацијата на Русија е во група со Шведска, Чешка, Швајцарија, Норвешка, Летонија, Австрија и Италија.