ВИДЕО: Овечкин ја продлабочи својата легенда со 700-от гол!

Легендата на рускиот хокеар Александар Овечкин од овој викенд е уште поголема. Со голот постигнат против Њу Џерси Девилс во дресот на Вашингтон, Русинот Алекс Овечкин испиша нова страница во американско-канадската лига.

Овечкин стана осмиот играч кој успеал да постигне до 700-тиот гол во кариерата. До оваа бројка Овечкин влезе со одиграни 1.144 натпревари.

На вечната листа водечки е Вејн Грецки, кому му требаа само 894 натпревари за да стигне до истата бројка. Овечкин наскоро ќе напредува на вечната листа, бидејќи Мајк Гартнер има само осум гола повеќе. Лидер со 894 голови е легендарниот Вејн Грецки.