• Мартин Танасковски
Финската хокеарска репрезентација продолжува да го брани своето олимписко злато. Финците ја победија Швајцарија со 3-2 во четвртфиналето на Олимпискиот турнир во Милано по голема драма, а решавачкиот гол го постигнаа во продолжението.
Швајцарците играа фантастично во првиот период и водеа со 2-0 со головите на Дамиен Риат и Нино Нидерајтер. Во вториот период немаше голови, а Себастијан Ахо ја врати надежта за Финците со гол на помалку од седум минути до крајот на натпреварот.
Финска со сите сили бараше израмнување, го извади голманот и успеа да се спаси со голот на Мира Хејксанен на минута и 12 секунди до крајот. Во продолжението, олимписките шампиони го комплетираа изненадувањето. Артури Лехтонен стана херој и го постигна „златниот гол“ што ја води Финска во полуфиналето.
Пласман во следната фаза обезбеди и Словачка, а исто така и Канада која по продолжение едвај успеа да слави над Чешка.