ФОТО: „Оклопниците“ влегуваат во завршната фаза на припреми во Јесенице

Македонската инлајн хокеj репрезентација влегува во втората и завршна фаза од подготовките за квалификациите за пласман на СП во Братислава, 2017 година.

Предводени од селекторот Јуре Внук, по делот со акцент на кондициската подготвеност, нашите репрезентативци продолжуваат со воигрување на техничко-тактички план.

Репрезентација со доаѓањето на Иван Бачовски, Димитриј Прокудин и Нејц Турк се комплетираше, а во Јесеницe останува до понеделник кога се заминува во Австрија.