Одложено и СП во хокеј, нов термин за одржување нема до 2025 година

Светската хокеј федерација во последните неколку дена ги откажуваше меѓународните натпреварувања, меѓу кои и Светското првенство во хокеј на мраз кое требаше да се одигра во мај. Турнирот во Швајцарија, поточно во Лозана и Цирих нема да се одржи според планираното поради пандемијата на коронавирусот. 

По откажувањето на Светскиот шампионат за жени, сите турнири во млади категории и дивизиите 1А и 1Б, од федерацијата се надеваа дека ситуацијата ќе се смири и ќе може да се одигра најголемиот годишен самит. 

Пронаоѓање на нов термин за одржување на Мундијалот ќе биде проблем, бидејќи календарот е веќе наполнет до 2025 година, па не е можно одлагање за следната година. Одлуката би можела да се донесе на конгресот на Светската федерација, доколку се направат услови истиот да се одржи.