ВИДЕО: Од дното, до врвот! Беше „фенерџија“, а сега Сент Луис е нов НХЛ шампион

Одреден период беше на последната позиција во најквалитетното хокеарско натпреварување на планетата, НХЛ, но од дното се издигрна до врвот. 

Сент Луис испиша клупска историја, откако синоќа стана шампион на НХЛ, откако за првпат успеа да го освои популарниот Стенли Куп. Во мајсторката од големото финале совладан беше Бостон со убедливи 1-4, а со овој успех Сент Луис стана единствениот тим кој станал шампион на НХЛ, а одреден период беше „фенерџија“ во лигата. 

Рајан О' Рајли, кој блесна против Бостон, го доби признанието за најкорисен играч на финалето - „Кон Смит“.