• Саше Љолес
Хокеарот Кејл Макар потпиша нов осумгодишен договор со Колорадо Аваланш, со кој ќе заработува неверојатни 20,4 милиони долари годишно. Со овој потег, канадскиот дефанзивец стана најплатениот хокеар во историјата на НХЛ.
Макар има 27 години и веќе со години е меѓу најдобрите дефанзивци во лигата, па во Колорадо решија долгорочно да ја обезбедат својата најголема ѕвезда.
Пред новиот договор, заработуваше девет милиони долари по сезона, а зголемениот „селари кап“ во НХЛ му овозможи на Колорадо да му понуди рекордна сума.
Тимот минатата сезона беше најдобар тим во регуларниот дел и ја освои „Президентс“ наградата, но во финалето на Западната конференција загуби од Вегас Голден Најтс.