• Зоран Мишевски

Претстојната сезона во најсилната хокеарска лига на светот, НХЛ лигата, веројатно ќе започне на 13 јануари, објавија релевантни американски медиуми. Секој тим ќе одигра по 56 натпревари, наместо вообичаените 82 до предминатата сезона.
Дијалогот меѓу лигата и играчите продолжува и се чека дефинитивна потврда на овој систем на натпреварување. Сзоната 2020/21 требаше да започне на први јануари 2021 година. Минатата сезона се играше со скратен распоред во Торонто и Едмонтон поради пандемијата на коронавирусите.
Трофејот го освои Тампа Беј, кој во финалето го победи Далас со 4-2 во серија.