НХЛ лигата ќе ја продолжи самоизолацијата на сите професионални хокеари

Едно од најбогатите спортски натпреварувања во светот, националната хокеарска лига на Соединетите Американски Држави и Канада (НХЛ) им препорача на клубовите да го зголемат периодот на самоизолација на професионалците до десетти април.

Оваа мерка сè уште не е официјална и ќе стапи на сила после 27 март, кога треба да истече првично објавениот рок за затворање на сите спортски објекти. Регуларната сезона во НХЛ лигата беше прекината на 12 март поради пандемијата со ковид-19.

Комесарот на НХЛ лигата, Гери Бетман, реализира серија состаноци со челниците на екипите за да разговара за опциите за излез од целата ситуацијата. До овој момент не се предложени мерки кога ќе се доигра регуларниот дел на сезоната и доигрувањето. 

Tитулата во американско-канадската лига од минатата сезона ја брани Сент Луис Блус.