НХЛ има 43 заразени хокејари, но сезоната ќе продолжи во август

Националната хокеј лига во Соединетите Американски Држави треба да се врати на терените на први август, но челните лица од лигата имаат големи проблеми. 

Во третата фаза од припремите се направени нови тестирања на коронавирусот, а сега позитивни се дури 43 хокејари. Тоа се 13 повеќе играчи од последните тестови, што може да биде дополнителен проблем. 

Сепак и покрај тоа, НХЛ не се откажува од своите протоколи и јасно докажа дека нема во план да го откаже доигрувањето. Сепак, доколку некои од играчите не сакаат да се појават на натпреварите, за нив нема да има казни.