• Зоран Мишевски
Ѕвездите од НХЛ лигата ја оправдаа фаворитската улога и ќе играат за златото во Кортина и Милано. Очекувано натпреварот за златото ќе биде дуел меѓу Канада и САД.
Најпрво во полуфиналните пресметки, Канада ја победи Финска со 3-2 (0-1, 1-1, 2-0), додека Американците беа многу поубедливи против Словачка, триумфирајќи со 6-2 (2-0, 3-0, 1-2).
Финалето меѓу Канаѓаните и Американците ќе се игра в недела од 14:10 часот и тоа ќе биде последниот настан на овие Зимски олимписки игри. Соединетите Американски Држави досега ја освоија олимписката титула двапати, а имаат и осум сребрени медали. Последниот медал го освоија во 2010 година во Ванкувер, кога загубија во финалето од домаќинот Канада по продолжение.
Канада во неделното финале ќе се обиде да ја освои својата десетта олимписка титула.