Неуништливиот Русин чекори кон историја и легендарниот Грецки

Неуништливиот Александр Овечкин чекори кон историја во најсилната хокеј лига на светот НХЛ. 

Во победата на Вашингтон против Вегас (2-5), 39-годишникот постигна три гола и со тоа само ја продлабочи својата легенда. Иако е на залезот на кариерата, Овечкин е на пат да стане најдобар стрелец на сите времиња во НХЛ лигата. 

Во моментов водечки е легендарниот Вејн Грецки кој има 894 погодоци, додека Овечкин во моментов е на 866. Досега сезонава има 13 погодоци и е на добар пат уште во оваа кампања да го надмине Американецот и со златни букви да го испише своето име во НХЛ историјата. Единствен хокејар кој ја надминал границата од 800 гола освен овие двајца е Горди Хау (801 погодок).

Инаку, Александр Овечкин од 2005 година е член на Вашингтон Капиталс, откако година претходно беше избран на драфтот.