Најголемата хокеарска ѕвезда ги пропушта ЗОИ

Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјончанг ќе бидат посиромашни за најголемата хокеарска ѕвезда, затоа што Јаромир Јагр од Чешка кој важи за еден од најдобрите во најбрзиот колективен спорт нема да биде дел од големиот настан.

Чесите на ЗОИ патуваат без 45-годишниот хокеар, кој не е на списокот на спортисти кои ќе бидат дел од репрезентацијата. Јагр е еден од 27-те хокејари кои успеале да го обединат „златното тројство“ - Олимписко злато, Стенли Купот во НХЛ и Светското првенство.

Зимските Олимписки игри во Пјончанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари.