ВИДЕО: Над 50.000 фанови на Фролунда приредија невиден спектакл за освоената титула на тимот

Познавајќи ги временските услови во скандинавската држава, Шведска очигледно е зошто хокејот им е најпопуларен спорт на Швеѓаните. Доказ плус е и прославата на шампионскиот трофеј на екипата на Фролунда, кога на градскиот плоштад се собраа над 50.000 фанови. Овој клуб и неговите фанови чекаа цели 11 години да го повторат големиот успех од домашното хокеарско првенство, па затоа навивачите на Фролунда приредија голем спектакл, проследен со непрекинато навивање и големо пиротехничко шоу.