ФОТО: Македонските хокејари го одработија последниот тренинг во Штеиндорф пред мечот со Бугарија

Македонската инлајн хокеј репрезентација, која е позната под предкарот „оклопници“ по пристигањето во Австрија утрово, попладнево го оддржаа првиот и единствен тренинг во Штеиндорф, пред утрешниот меч со Бугарија.

Нашите репрезентативци под водство на селекторот Јуре Внук тренингот во салата во Штеиндорф го реализираа во времето на одигрување на утрешниот меч против Бугарија, кој започнува од 16.00 часот, а во кој ќе бараме прва историска победа во петтите квалификации за СП.

Сите репрезентативци се подготвени за утрешниот натпревар, а во нашиот табор владее одлична атмосфера и голем оптимизам за победа на утрешниот натпревар.