Македонските хокејари добија многу тешка група за Мундијалот

Македонската репрезетација во инлајн хокеј на мраз доби многу силна група во квалификациите за Мундијалот во Братислава. Ќе мораме да направиме подвиг во Австрија за да обезбедиме пласман на големиот собир.

За противници во групатa Б ги добивме Србија и Латвија, а само една од деветте екипи во квалификациите ќе се пласира на светското првенство. Во групата А се уште Израел, Австрија и Турција, а во групата Ц партиципираат Белгија, Бугарија и Ирска. 

Квалификациониот турнир ќе се одржи во Австрија од 14 до 29 јуни.