ВИДЕО: Македонските хокеари ја совладаа БиХ во Сараево

 

Хокеарската репрезентација на Македонија славеше победа против БиХ со 7-8 (1-3, 2-3, 4-2), на пријателскиот натпревар, кој се одигра во Сараево.

Македонија подобро го започна натпреварот и по првиот период имаше предност од 1-3, а со истата игра продолжи и во втората третина, па пред последните 20 минути влезе со предност од 3-6. Подоцна македонските хокеари имаа и највисоки 4-8, по што следеше опуштање, па Босанците на крајот намалија до подносливи 7-8.

Утре со почеток од 11.00 часот нашите хокеари ќе одиграат уште еден пријателски натпревар против соодветната селекција на БиХ.