ВИДЕО: Лудница во Монтреал – три тепачки за само девет секунди меѓу САД и Канада!

Хокеарската репрезентација на САД ја совлада Канада со 3-1 на турнирот „Четри нации“, а почетокот на натпреварот беше неверојатен.

Штом судијата сигнализираше старт на натпреварот, времето беше прекинато. Затоа што се случи првата тепачка. Метју Тучук од тимот на САД и Канаѓанецот Брендон Хејгел ги соблекоа ракавиците и пресметката започна.

Само една секунда подоцна, изби уште една тепачка, при што братот на Тачук, Брејди, се соочи со канадскиот хокеар Сем Бенет. Брзо следеше трета пресметка меѓу Ти Џеј Милер и Колтон Парајко.

Соединетите Американски Држави на крајот победија со 3-1 и се пласираа во финалето на турнирот на кој настапуваат и Шведска и Финска, а се одржува наместо класичниот Ол-стар натпревар.