• Горан Упале
Шведската хокеарска репрезентација убедливо ја победи Словачка, додека Летонија приреди сензација и славеше над фаворизираната Германија. Во групата Ц видовме уште едно големо изненадување.
Летонија триумфираше над Германија со 4-3 и го освои второто место во групата, што може доста да им ги отежни работите на Германците за да го продолжат натпреварувањето. Ова е прва победа на латвиската национална хокеарска репрезентација на Олимписките игри по 12 години!
Швеѓаните едвај ја победија Италија на почетокот од Олимписките игри, потоа беа здробени од Финците во второто коло, а во третото коло од групната фаза рутински ја победија Словачка со 5-3.
Интересно е што Словаците покажаа колку се опасни на почетокот од турнирот и ја шокираа фаворизираната Финска, а потоа, потешко од очекуваното ја совладаа Италија. Во претпоследниот денешен дуел Финска не виде мака против домаќинот Италија и славеше со високи 9-0. Со овој триумф Финците како најдобро второ пласирана селекција патуваат директно во четвртфиналето, заедно со Словачка која што заврши прва во групата Б.