Легендата расте: Петр Чех конечно стана професионлен хокеар (ВИДЕО)

Легендарниот чешки голман, Петр Чех, конечно го дочека својот дебитантски настап во професнионалниот хокеј и за првпат заигра за својот нов тим, Белфаст Џајантс. 

Поранешната ѕвезда на Челзи и Арсенал по пензионирањето многупати изјавуваше дека би сакал да „се проба“ во хокејот на мраз, а таа можност му ја понуди клубот од главниот град на Северна Ирска. Чех доби шанса за настап во последната третина од мечот, по што со овации беше поздравен од домашните навивачи. 

Со овој потег, легендарниот голман уште повеќе го зголемува култот за себе и станува еден од ретките спортисти кои заиграле на професионално ниво во два комплетно различни спортови. 41-годишникот ја заврши фудбалската кариера пред две години, а сега конечно доби можност да оствари уште еден сон и стана професионален хокеар. 

Останува да видиме дали Петр Чех ќе биде големо засилување за својот тим, кој во моментов е на петтото место на табелата со 14 освоени бодови. Голманот својата фудбалска кариера ја започна во Хмел Блшани, а потоа играше уште за Спарта Прага, Рен, Челзи и Арсенал. Најмногу се прослави како играч на лондонските „сини“, за кои настапи на вкупно 333 натпревари.