Легендарниот Овечкин на пет чекори од големиот рекорд на Грецки

Хокеарите на Вашингтон Капиталс неочекувано загубија од еден од најлошите НХЛ тимови Бафало Сабрес со резултат 8-5, но љубителите на овој спорт на мраз насмеани ја напуштија салата.

Причината за таквото нешто е што нивниот омилен и долгогодишен капитен Алекс Овечкин е многу блиску до неверојатен рекорд. Членот на тимот од американската престолнина стрелаше и на овој меч.

Алекс Овечкин сега е на само пет гола до соборување на легендарниот рекорд на Вејн Грецки, откако го постигна својот 890. гол во кариерата.