Легендарниот Јагр и на 45 години ќе тресе мрежи во НХЛ лигата

Јаромир Јагр, човекот кој ја одбележа последната хокеарска деценија, и на полни 45 години не размислува за пензија, откако одлучи на мразот да остане најмалку уште една година. 

Легендарниот чешки хокејар, кој по Вејн Грецки несомнено е најголемото име на овој спорт, во новата сезона на НХЛ лигата ќе биде член на Калгари Флејмс, клуб со кој потпиша договор на една година. 

За Јагр, Калгари ќе биде деветиот тим за кој настапувал во најквалитетната хокејарска лига. Тој во НХЛ се пресели далечната 1990 година, кога го облече дресот на Питсбург Пенгвинс, а потоа беше дел и од Вашингтон Кепиталс, Њујорк Ренџерс, Филаделфија Флаерс, Далас Старс, Бостон Бруинс, Њу Џерси Девилс и Флорида Пантерс.

45-годишниот Чех зад себе остави 23 сезони од ова натпреварување и одигра 1.711 меча и постигна 765 гола и оствари 1.149 асистенции.