ВИДЕО: Лас Вегас продолжи со сензации, го елиминира Сан Хозе и обезбеди западно финале

Хокеарите на Лас Вегас Голден Најтс се пласираа во финалето на Западната конференција, откако во шестиот натпревар го совладаа Сан Хозе со 3-0 на гостински терен. Ова е историски успех за новајлијата во американско-канадската лига во хокеј на мраз. 

Серијата заврши со победа на Лас Вегас со 4-2. По Торонто во 1918 година и Сент Луис во 1968 година, Лас Вегас Голден Најтс е третиот клуб кој елиминиран два ривали, иако е дибитант во НХЛ плеј-офот.