ВИДЕО: Крозби како Меси - ја мина цела одбрана и го постигна голот на годината

Можеби на нашите простори хокејот не е еден од омилените спортови, но во САД тој е рамо до рамо со НБА лигата.

На синоќешниот натпревар од НХЛ лигата, Сидни Крозби уште еднаш покажа дека во моментов е можеби најдобриот хокеар на светот. Едноставно во стилот на Лионел Меси, ја мина комплетната одбрана и постигна гол за победа на Питсбург.