ВИДЕО: Колорадо поведе во финалето на НХЛ плеј-офот

Тврдо, драматично и до крај неизвесно започна финалето на плеј-офот во НХЛ лигата во хокеј на мраз. 

Со голот на Бураковски во втората минута од судиското продолжение, Колорадо Аваланш поведе со 1-0 во финалната серија во НХЛ лигата против Тампа Беј. Бураковски постигна гол за конечни 4-3 и голема радост за навивачите на тимот.

Колорадо не го освоил Стенли Купот 21 година и ова може да биде историска шанса.

Вториот натпревар во серијата, подобар од седум, се игра за два дена.