ВИДЕО: Колорадо Аваланш по две децении ja освои НХЛ-титулата!

Колорадо Аваланш е нов освојувач на Стенли Купот и шампион во НХЛ лигата во хокеј на мраз. Тимот од Денвер стигна ја освои првата титула по 21 година со победата во шестиот натпревар од финалето против Тампа Беј со 2-1. Така со вкупен резултат 4-2, Колорадо се радува на шампионски трофеј. 

Канадскиот дефанзивец Кајл Макар беше прогласен за најкорисен играч во финалето, со што стана третиот одбранбен играч кој е носител на МВП признанието.

„Сонот ни се оствари по дведецениско чекање. Прекрасно е чувството да се биде на врвот на планината“, изјави капитенот Габриел Ландески.

Во следните неколку дена се очекува парада низ градот и прослава на титулата со најверните фанови.