• Горан Упале

Канадската женска репрезентација е првиот финалист на турнирот во хокеј на мраз на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.
Девојките од втората по големина земја на планетата во полуфиналето убедливо ја совладаа Швајцарија со 10-3 и очекувано се изборија за натпревар за најсветлиот медал.
Сè беше решено во првите дваесет минути. Во тој период Канада се избори за водство од 5-1 и до крајот само ја зголемуваше предноста. Интересно е што дури девет хокеарки се запишаа во листата на стрелците. Пулин беше единствената која двапати ја погоди швајцарската мрежа.
Канада е четирикратен олимписки шампион. Сепак, на последните Игри во Пјонгчанг во финалето беше поразена од Соединетите Американски Држави, па сигурно ќе направат сè за да го вратат тронот. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Соединетите Американски Држави и Финска.