ВИДЕО: Канаѓанките нови светски првенки во хокеј на мраз, победени фаворитките од САД

Хокеарките на женската канадска репрезентација ги победија Соединетите Американски Држави со 6-5 во финалето на Светското првенство во во Јутика, САД.

Кај Канаѓанките два гола постигна Ерин Амброуз, додека Џулија Гослинг, Емили Кларк, Даниел Сердачни и Мари-Филип Пулин имаа по една реализација. Головите за Америка ги постигнаа Лејла Едвардс, Меган Келер, Александра Карпентер, Хилари Хант и Керолин Харви.

Репрезентацијата на Канада стана светски шампион по тринаесетти пат, а САД имаат десет победи на Мундијалите. Ниту една друга репрезентација досега не го освоила Светското првенство.

Во натпреварот за третото место Финска ја победи Чешка со 3-2.