ВИДЕО: Канаѓанките ја преслушаа Русија и закажаа финале против САД

Женската хокеарска репрезентација на Канада е вториот финалист на олимпискиот турнир во Пјонгчанг. Канаѓанките беа подобри од Русинките со 5-0 (1-0, 1-0, 3-0). 

Вејкфилд (два гола), Пулин, Кларк и Џонстон ги постигнаа головите за победничката репрезентација. 

Во финалето канадската селекција ќе се соочи со селекцијата на САД, која ја победи Финска  со идентични 5-0 во првото полуфинале.