ВИДЕО: Канаѓаните добија лекција, Финска е нов светски првак во хокеј на мраз

Осум години по последната светска титула, хокеарската репрезентација на Финска е нов светски шампион. Во големото финале на Светското првенство во Словачка, Финците славеа против Канада со 3-1 (0-1, 1-0, 2-0).

Теодор ги доведе Канаѓаните во водство со единствениот гол во првиот период, постигнат уште во 10. минута. Антила со два гола, по еден во вториот и во третиот период донесе предност за Финска од 2-1. Песонен на четири минути пред крајот на натпреварот го постави конечниот резултат и донесе еуфорија меѓу финските хокеари на мразот и милионите навивачи ширум светот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во мечот за третото место Русија ја совлада Чешка дури и по изведување на казнени удари.

  • Извештај од натпреварот: