ВИДЕО: Канада подобра од Чешка во малото финале на хокеарскиот турнир

Канадската репрезентација на Канада е освојувач на бронзениот медал на хокеарскиот турнир на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг. Во дуел со голем број на голови, селекцијата на јаворовиот лист ги победи олимписките шампиони пред 16 години, Чешка со 6-4.

Во првата третина се играше израмнето и на голот за канадско водство на Ебет, одговори Ружичка со гол за 1-1. Но, нерешениот резултат стоеше на семафорот само 15 секунди, бидејќи Кели го врати канадското водство. Кога, Рој првпат предноста ја покачи на два разлика, извесно беше дека Канада е многу блиску до бронзениот медал.

Кели и Ебет за Канада, а Ковал и Волскиј погодија во последниот период за финални 6-4. Русија и Германија утре ќе играат за златниот медал, а „зборнаја“ е голем фаворит за освојување на олимписката титула.