Канада победник на враќањето на НХЛ ѕвездите на првиот турнир „Четири нации“

Нема трофеј кој канадската хокеарска репрезентација не го освоила. Доминацијата на мразот трае со децении, а сега во витрините на Канадската хокеарска федерација стои и најновиот трофеј.

Канада е победник на турнирот „Четири нации“, на кој настапуваат играчи само од НХЛ лигата, откако во финалето во Бостон по продолженија триумфираа над САД со 3-2 (1-1, 1-1, 0-0; 1-0).

Првото издание на овој турнир, понуди одличен хокеј, а кулминацијата се случи во финалето во Бостон, во кое Канаѓаните ги победија своите големи ривали Американците со голот на најдобриот играч на денешницата, Конор МекДејвид во 8:18 минута од продолжението.

Турнирот „Четири нации“ беше најава за враќање на НХЛ играчите на Зимските Олимписки Игри по пауза од дванаесет години, што ќе се случи за една година во Милано.