ВИДЕО: Канада ја надигра Русија и стана јуниорски светски првак во хокеј на мраз

Јуниорската репрезентацијата на Канада во хокеј на мраз е нов светски првак, откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 4-3.

На финалниот натпревар одигран во Острава, одлуката дојде во последната третина, која Канаѓаните ја добија со 3-1 и негативата од 1-2 што ја имаа по 40 минути, ја претворија во победа.

  • Извештај од натпреварот: 

За Канада ова е 18-ти шампионски трофеј од Светските младински првенства.

Во натпреварот за третото место, Шведска ја победи Финска со 3-2.