• Горан Упале

Женската репрезентација на Канада во хокеј на мраз се закити со ново олимписко злато, откако во финалето на турнирот во Пекинг ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3-2. На тој начин, Канаѓаните им се реваншираа на Американците за поразот во финалето во Пјонгчанг пред четири години.
Така Канада стигна до своето петто олимписко злато. Овој успех е историски, затоа што Канаѓанките досега настапиле на само седум турнири во женски хокеј. Имаат и два сребрени медали.
Канада одлично го започна натпреварот. Сара Нурс погоди во осмата минута, а на 2-0 зголеми Мари-Филип Пулан, која што стрелаше и за убедливи 3-0. Хилари Најт го постигна првиот гол за Американките и намали н 3-1, а до крајот Американките се обидоа да направи пресврт, но во самата завршница само го ублажија поразот со голот на Аманда Кесел.
Во малото финале Финска го освои бронзениот медал, со победата од 4-0 над Швајцарија.