ВИДЕО: Каква среќа – ХНЛ аналитичар за малку ќе останеше „без глава“!

Хокејот е една од најатрактивните и највозбудливите зимски спортови, а воедно и еден од најопасните. Причината за тоа е незгодниот пак, со коj се игра, кој е многу мал, но тежи речиси колку една ракометна топка (170 грама). 

Затоа, хокеарите настапуваат со специјални штитници на своите тела, а речиси целиот терен е заштитен со стакло. Но, само еден дел од теренот е без заштита, оној, каде се наоѓаат резервните клупи на двата тима. Токму на тоа место, синоќа, во НХЛ лигата, еден познат аналитичар на овој спорт, за малку ќе останеше „без глава“. 

Се работи за реномираниот хокеарски работник и коментатор на „НБЦ“, Пјер Меквајер, кој синоќа беше дел од мечот меѓу Колумбус и Тампа Беј. Меквајер видно возбуден од случувањата на теренот не забележа дека пакот се движи кон него, но на негова среќа пакот профучи на сантиметар од неговата глава и удри директно во камерата. 

Погледнете ја несекојдневната ситуација која Меквајер ќе ја памети цел живот: