Каков пресврт: Чех му се врати на спортот, ќе биде хокеарски голман!

Чешката фудбалска легенда Петр Чех реши да ги соблече ракавиците и да замине во фудбалска пензија, меѓутоа по кратко време пак му се врати на спортот, но нема да се дружи со „бубамарата“.

Чех, кој има 37 години, ќе биде хокеарски голман во англиската лига. Ќе брани за професионален клуб, затоа што се договори со Гилдфорд Феникс. Некогашниот чешки репрезентативец истакна дека ќе му биде чест да биде дел од спортот кој го сакал како дете.

„По 20 години професионална фудбалска кариера, ова ќе биде одлично искуство за мене. Ќе имам шанса да ја играм играта која сакав да ја играм и да ја гледам како дете“, изјави Чех.

Голманската легенда на Челзи со тимот кој игра во второлигашката англиска конкуренција потпиша едногодишен договор.