ВИДЕО: Јагр се врати на мразот и во 47-та година од животот

Јаромир Јагр не размислува за пензионирање дури и по тешката повреда и 47-годишна возраст. Чехот пак се врати на мразот и го облече дресот на Кладно. Легендата првпат настапи по тешката повреда и му помогна на својот тим да стигне до победа од 2-0 во домашниот шампионат.

Јагр потврди дека ќе игра до крајот на сезоната во втората лига на Чешка, а потоа ќе одлучи за својата иднина. Чехот е втор најдобар играч во историјата на НХЛ по бројот на поени, а на 45-годишна возраст стана и највозрасниот хокеар кој настапил во најсилната лига во светот.

И покрај вишокот на килограми, Јагр има многу рутина во своите нозе, брзо лизга и со стекнатото искуство може да му помогне на тимот. Во Кладно го обожаваат и го сметаат и за играч и за тренер на мразот.  

Во татковината е култен херој и спортист кој се користи за пример на помладите.