Изненадување уште на стартот на хокеарскиот турнир: Словачка го совлада олимпискиот шампион

Селекцијата на Словачка извојува голема победа на стартот од хокеарскиот турнир во рамки од Зимските олимписки игри во Милано Кортина. Во првиот одигран натпревар од овој турнир Словаците славеа над големиот фаворит со убедливи 4-1. 

Словачка го освои бронзениот медал во 2022 година, а со победата над актуелниот олимписки шампион најави уште еден успешен настап на едни ЗОИ.

Целата финска репрезентација игра во НХЛ, вклучувајќи ја и првата ѕвезда Мика Рантанен, но треба да се има предвид дека беа „покосени“ од вирус непосредно пред почетокот на Игрите.

На спротивната страна, Словачка, го имаше расположениот Славковки – еден од најталентираните хокеари во светот. 21-годишниот ас на Монтреал беше автор на два гола, додека останатите погодоци за Словачка ги постигнаа Дворски и Ружичка. Погодокот за Финска го постигна Толвонен.

Вечерва се игра вториот натпревар од групата Б меѓу домаќинот Италија и Шведска.