ИСТОРИЈА во НХЛ: Во Лас Вегас се одигра првиот хокеј меч!

Точно еден месец по спектаклот во „Т-мобиле“ арената во Лас Вегас меѓу Мејведер и МекГрегор се одигра и првиот историски хокеј меч во НХЛ лигата. Домашниот тим, Вегас Голден Најтс го пречека тимот на Лос Анџелес Кингс, во меч од предсезоната.

Историскиот прв гол на мразот во Лас Вегас го постигна домашниот играч Коди Икин во 4. минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши 2-2, а победата по продолженијата ја однесе гостинскиот тим.

Регуларниот дел од сезоната започнува на 4 октомври. Актуелен шампион и освојувач на „Стенли Купот“ е тимот на Питсбург.