Гол број 895 и статус најдобар во историјата: Овечкин го мина Грецки!

Александар Овечкин го постигна својот 895. гол во кариерата во Националната хокеарска лига на САД и Канада, со што се искачи на врвот на вечната листа на стрелци во НХЛ, надминувајќи ја живата легенда Вејн Грецки.

Интересно е тоа што Овечкин до овој импресивен рекорд дојде во својот 1487-ми натпревар во НХЛ, а исто така и Грецки има ист број на натпревари. Великанот беше присутен во УБС Арената во Лонг Ајленд за да го гледа натпреварот Вашингтон Капиталс против Њујорк Ајлендс.

Русинот по постигнувањето на голот доби честитки од сите страни, а мечот запре за соодветно да се одбележи историјата. Исто така тој доби и честитки и од другите тимови во НХЛ, што само по себе покажува колку е значајно достигнувањето на Овечкин.