Холандија доминира во хокеј: И жените на пенали дојдоа до олимписко злато (ВИДЕО)

Холандската женска хокеарска репрезентација ја освои титулата олимписки победник во Париз, откако во финалето ја совлада Кина со подобро изведување на пенали. По шеесет минути игра беше 1-1 (0-1, 0-0, 0-0, 1-0), Кинеските поведоа со голот на Ји Чен, а Јиби Јансен израмни за Холанѓанките. Тие беа поуспешни со 3-1 при изведувањето на пенали.

Ова беше втор меч меѓу Холанѓанките и Кинеските во Париз, откако пред девет дена се сретнаа во групата и тогаш Холанѓанките беа убедливи со 3-0.

За Холандија ова е четврто злато во хокеј на трева на последните пет Олимписки игри. Бронзата ја освоија Аргентинките кои во дуелот за третото место ги совладаа Белгијките со 5-3. 

Така Холандија ги освои двата злата во хокеј. Во четвртокот мажите ги победија Германците во своето финале, исто така по пенали.