Хокеарките на Русија и Канада играа со заштитни маски, доцнеа резултатите од тестирањето

Натпреварот меѓу хокејарките на Канада и Русија на Зимските олимписки игри во Пекинг започна со еден час задоцнување, а она што е интересно е што натпреварувачките носеа заштитни маски.

Канадската репрезентација првично одби да ја напушти соблекувалната, бидејќи сè уште не биле обработени тестовите за ковод на Русинките. Меѓународната федерација за хокеј на мраз на крајот постигна компромис играчите на двата тима да носат маски, што се случи за првпат на Игрите во Пекинг.

Руската хокеарка Оксана Братишева изјави дека на рускиот тим прво им било кажано дека натпреварот ќе биде одложен, пред да им биде кажано дека сепак ќе се игра со еден час доцнење.

На почетокот на третиот период, Русинките добиле дозвола да ги симнат маските, бидејќи резултатите од тестирањето покажаа дека ниту една не е позитивна. Канаѓанките го завршија натпреварот со маски и на крајот ја забележаа третата победа на олимпискиот турнир, бидејќи славеа со 6-1. Руските хокеарки по три одиграни натпревари имаат победа и два порази.