Хокејарите на Развојниот куп против Андора, Ирска и Португалија

Македонската хокејарска репрезентација ќе биде дел од Развојниот куп кој во ноември ќе се одржи во Фусен, Германија.

Во новото натпреварување кое ќе се одржува втора година по ред, нашата репрезентација се најде во група со Андора, Ирска и Португалија. На овој турнир учествуваат земји кои го развиваат хокејот и имаат шанса да разменат мислења околу подобрување на условите, инфраструктурата и слично.

Македонија ќе го отвори турнирот на 19 ноември од 10:00 часот против Ирска,, додека од 18:00 часот ќе игра со Андора. Следниот ден, од 10:00 часот ќе се игра третиот меч со Португалија, а потоа следат мечевите за пласман.