Хокејарите на Македонија одат на мегдан со Гуд Гајс од Словенија

Хокеј-репрезентацијата на Македонија немаше многу активности оваа зима, но едно од нив ќе биде настапот на пријателски натпревар против ривал од Словенија.

„Црвено-жолтите“ ќе одиграат контролен натпревар против екипата на Гуд Гајс од Словенија. Гостинот од Љубљана веќе еднаш претходно беше гостин во Скопје.

Натпреварот ќе се игра на хокејарското игралиште при арената во СЦ „Борис Трајковски“, а е закажан во петок со почеток од 20:00 часот.