• Горан Упале

Хокеарките на Канада извојуваа голема победа над лутиот ривал Соединетите Американски Држави со 4-2 (1-0, 3-2, 0-0) во натпреварот од последното четврто коло од групата А на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Канаѓаните поведоа со голот на Брајан Џенер во првата третина, по што следеше пресврт и водство на актуелните олимписки шампиони (2-1), но во продолжение Канада постигна три гола во низа и впиша значајна победа.
Со овој триумф Канада се зацврсти на првото место во групата А и за противник во четврфиналето ќе ја има третопласираната репрезентација од групата Б. Американците завршија на второто место и во четвртфиналето за ривал ќе го има второпласирана селекција од групата Б.
Двете селекции не се сретнаа во финалето на Зимските олимписки игри само на собирот во Торино во 2006 година, а Канада досега четири пати го освојувала олимпискиот турнир во хокеј.